Хроника од 12-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 23.02.2018г. – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе три Решенија за запирање на покренати постапки за одземање на дозвола за телевизиско емитување на следниве радиодифузери: ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево, ТРД Т.В. КАЛТРИНА Мазар Татеши Струга ДООЕЛ, ТРД ТВ Кисс и Злате ДООЕЛ Тетово.

Поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно неплаќање на надоместокот за дозволата за телевизиско емитување во законски утврдениот рок, Советот на Агенцијата покрена и една постапка за одземање на дозволата на Трговското радио дифузно друштво ТЕЛЕВИЗИЈА КОЧАНИ-ЛД ДООЕЛ Кочани.

Советот на Агенцијата даде одобрение директорот на Агенцијата да донесе Одлука со која се одобруваат финансиски средства за добивање сертификат за внатрешна ревизија.



Accessibility

Accessibility