Хроника од 13-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 21.03.2016г. – Советот на Агенцијата донесе одлука со коjа се дозволува промена на сопственичката структура на ТРД СТРЕЕТ ФМ ДОО Скопје, со оглед на тоа што со предложените промени не се создава недозволена медиумска концентрација.

Советот одобри исплата на средства за национално кофинансирање за проектот IPA TAIB 2011 – „Обезбедување опрема за мониторинг на медиумските содржини што ги врши Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“ и ја прифати информацијата за плаќање на годишно членство во Европската платформа на регулаторни тела – ЕПРА за 2016 година.

На денешната седница, Советот на Агенцијата даде одобрение директорот да донесе одлука за отпис на долгот на ТРД ПИНК МАК ДООЕЛ Скопје и за донесување одлука за овластување на директорот за потпишување на договор за отстапување на побарување со надомест со ДПТУ МУЛТИКОМ БАЛКАН увоз-извоз ДОО Кичево. 

Воедно, Советот даде одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Одржување (превентивно) на дополнителниот модул на постојното апликативно решение „Систем за електронски регистар на јавни комуникациски мрежи“.

 



Accessibility

Accessibility