Хроника од 14-та седница

Скопје, 17.10.2014 – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница ги усвои следниве Нацрт-Правилници, едно Нацрт-Упатство и еден Нацрт-План: Нацрт – Правилник за подрачјата на емитување на телевизиски и радио програмски сервиси, Нацрт – Правилник за формата и содржината на службената легитимација на овластеното лице за вршење на стручен надзор и начинот на нејзино издавање и одземање, Нацрт – Правилник за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Нацрт – Правилник за начинот на уништување на документите, како и начинот на уништување, бришење и чистење на медиумот во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Нацрт – Правилник за начинот на правење на сигурносна копија, архивирање и чување, како и за повторно враќање на зачуваните лични податоци, Нацрт – Правилник за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за телевизиско и радио емитување, Нацрт – Упатство за начинот на водење евиденција за лица овластени за вршење обработка на личните податоци и за водење евиденција за пренесување медиуми надвор од работните простории на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услугии Нацрт – План за создавање систем на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, му даде одобрение на Директорот на Агенцијата, да донесе одлука со која од сметководствената евиденција на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ќе се отпише долгот на Трговското радиодифузно друштво оператор на кабелска мрежа “ОМЕГА НЕТ” ДООЕЛ Демир Хисар.

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, донесе одлука со којадозволува промена на сопственичката структура на Трговското радиодифузно друштво ГАУДЕМАС РАДИО КЛАСИК ФМ ДООЕЛ Скопје.

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги му даде одобрение на Директорот на Агенцијата за донесување одлука за распишување оглас за засновање работен однос и за спроведување на постапката за вработување на 1 (еден) извршител, референт за одржување на компјутери во Секторот за технологии и информатика во Стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.



Accessibility

Accessibility