Хроника од 15-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 15.04.2022 година – Советот на Агенцијата донесе Решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на РТД Телевизија Сонце Прилеп поради извршена целосна уплата на годипниот надоместок за дозвола за телевизиско емитување.

Имајќи го во предвид текот на досегашната постапка за избор на економски оператор за изработка на Студија за утврдување на оправданоста за објавување на јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување, Советот на Агенцијата донесе Заклучок за продолжување на рокот за изработка и објава на Студијата за 30 дена, заклучно со 20.05.2022 година.

Врз основа на констатации од вонреден програмски надзор Советот на Агенцијата изрече мерки јавна опомена на ТРД Канал 5 Скопје и ТРД Сител Скопје за прекршување на член 53 став 2, став 5 и став 17 алинеја 12 и член 101 од ЗААВМУ, односно поради емитување на прикриени аудиовизуелни комерцијални комуникации на производи, емитување на рекламен спот и телешопинг спот во кои лажно се претставуваат природата и карактеристиките на производите за што ја заведуваат јавноста и се против интересите на потрошувачите и поради визуелно и тонско прикажување на лице кое редовно презентира вести и актуелни информативни емисии.

На денешната седница е изречена мерка јавна опомена и на ТРД 24 Вести по извршен редовен програмски надзор и констатирано прекршување на член 55 ставови 5, 6 и 7 од ЗААВМУ односно емитување на забавно-документарна емисија која не е означена како програма во која се пласирани производи, иако производите од одредени спонзори се директно вклучени во дејствието на емисијата и посебно промотивно се препорачуваат преку визуелно и вербално прекумерно истакнување.

Со цел започнување на постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2022 година на Агенцијата, Советот даде одобрувања на директорот на Агенцијата да ги спроведе следниве постапки за јавни набавки: ормар и надградба-реконфигурација на системот за видео надзор и набавка на електрична енергија.

 



Accessibility

Accessibility