Хроника од 15-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 06.04.2015 – По поднесено Барање за доделување на дозвола без објавување конкурс, а согласно член 76 став 7 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот на Агенцијата донесе Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис со претежно забавен општ формат, кој ќе се емитува преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс, на државно ниво на Друштвото за трговија и услуги „Медиа Ворлд Невс“ ДООЕЛ Скопје.

Усвоени се: Нацрт-Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за минималните технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување, Правилник за нови рекламни техники, Кодекс за однесување на членовите на Советот и вработените во стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Правилник за работниот ред и дисциплинската и материјалната одговорност на вработените во стручната служба на Агенцијата и Нацрт-листа на информации од јавен карактер на Агенцијата.

Советот на Агенцијата донесе одлука за поништување на Одлуката на Советот за давање одобрување на директорот за потпишување на Анекс кон Договорот за градење на административниот објект „Палата Панко Брашнаров“ во врска со изведување на непредвидени работи при изградбана објектот и даде одобрување на директорот да потпише нов Анекс бр. 2 кон Договорот.

Советот на Агенцијата даде одобрение на директорот на Агенцијата за спроведување на јавни набавки: одржување на хигиена во деловните простории на Агенцијата, набавка на свичови, одржување (превентивно) на дополнителниот модул на постојното апликативно решение „Систем за електронски регистар на јавни електронски комуникациски мрежи“. 



Accessibility

Accessibility