Хроника од 15-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ-17.03.2014 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница го усвои Извештајот од програмскиот надзор (мониторинг) на програмата на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИО – ТЕЛЕВИЗИЈА – Скопје, Македонска телевизија – Втор програмски сервис (МРТ2), емитувана на 9 март 2014 година и одлучи за прекршување на член 77 став 2 и член 183-а став 1 алинеја 2 и став 2 од Изборниот законик да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот суд односно пред поднесувањето на барањето за поведување на прекршочната да се спроведе постапка за порамнување.

Агенцијата го усвои Извештајот од извршениот програмски надзор врз работата на операторите на јавни електронски комуникациски мрежи на ден 13.03.2014 во Куманово и Липково. Агенцијата го заклучи следново:

-на Друштвото за производство, трговија и услуги ВВВ-ИНТЕРНЕТ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, согласно член 141 став 13 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да му издаде решение со кое ќе му наложи веднаш да го исклучи реемитувањето на следниве програмски сервиси во рамките на аналогниот пакет: Tring Planet, Tring Tring, Folk, Vizion Plus, Tring Max, Tring Super, Tring Shqip и Tring World.

-на Друштво за производство трговија и услуги ИП СИСТЕМС ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, согласно член 141 став 13 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да му се издаде решение со кое ќе се наложи веднаш да го исклучи реемитувањето на следниве програмски сервиси во рамките на аналогниот пакет: Канал 5, Алфа ТВ и Hayat.

Агенцијата врз работата на погореспоменатите оператори ќе направи контролен надзор со цел да се утврди дали истите постапиле по решението упатено до нив.

Агенцијата го усвои Извештајот од извршениот вонреден надзор врз работата на операторите на јавни електронски комуникациски мрежи на ден 11.03.2014 година во Тетово и Гостивар. Агенцијата го заклучи следново:

-на Друштво за производство, трговија и услуги Теленет Ком ДОО експорт-импорт Тетово, согласно член 141 став 13 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да му се издаде решение со кое ќе се наложи веднаш да го исклучи реемитувањето на следниот програмски сервис во рамките на аналогниот пакет: Studio B.

-на Друштво за производство, трговија, угостителство, сообраќај и услуги МУЛТИМЕДИЈА НЕТВОРК Л ДООЕЛ експорт-импорт Гостивар, согласно член 141 став 13 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да му се издаде решение со кое ќе се наложи веднаш да го исклучи реемитувањето на следниве програмски сервиси во рамките на аналогниот пакет: Balkanika, Sporto Klub 1, Russia 1, Dost, Коха, Кисс и Fashion One, а од дигиталниот пакет: Russia 1, Hayat, БОМ, K15 music, Duga TV, Fen TV, Balkanika, HRT 2, CNN, Big Brother 1, Big Brother 2, Cartoon Network, Pink Music, Tek Rumeli, Super Sport и X1.

-на Друштво за производство, трговија, угостителство, сообраќај и услуги МУЛТИМЕДИЈА НЕТВОРК Л ДООЕЛ експорт-импорт Гостивар, согласно член 23 став 1 алинеја 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да му се изрече решение за опомена, веднаш да го отстрани недостатокот во однос на титлувањето на следниве реемитувани програмски сервиси во неговиот аналоген пакет: TV1000 и Viasat Explorer, а од дигиталниот пакет: TV1000, 24 kitchen, Fox Life, Fox Crime, National Geographic, National Geographic Wild, Comedy Central Extra, Viasat Nature, Viasat Explorer и Viasat History.

Агенцијата врз работата на погореспоменатите оператори ќе направи контролен надзор со цел да се утврди дали истите постапиле по решението упатено до нив.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа СТУДИО АНДЕС ДООЕЛ Радовиш, Потврда бр. 4 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Канал 5, Канал 5 плус, Алфа, 24 Вести, Наша ТВ, Алсат-М, Телма, ТВ Сонце, ТВ Кобра (регионално),ТВ Еми (локално), ТВ Вис (регионално), Сител, Сител 3, Planeta, Balkanika, Fen TV, RT Documentary International HD, Russia Today HD, RT Documentary International, Russia Today, HRT 1, HRT 3, RTS Sat, Rai Uno, Pro 7, RTCG Sat, VOX, TRT International, K:CN 1 Kopernikus, K:CN 2 Mjuzik, K:CN 3 Svet Plus, Happy TV, RTV Atlas, 24 Kitchen, Nick Jr, Nickelodeon, Comedy Central Extra, MTV Adria, Travel Channel, Fox, Fox Life, National Geographic, TLC, Discovery Channel, Animal Planeta, Cartoon Network, Boomerang, CNN, History Channel, DM Sat, Klasik TV, VH1, MTV Music и History HD;

– ТРД – оператор на кабелска мрежа СТУДИО АНДЕС ДООЕЛ Радовиш, Потврда бр. 1 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: МТВ 1, МТВ 2, Собраниски канал, Канал 5, Канал 5 плус, Алфа, 24 Вести, Наша ТВ, Алсат-М, Телма, ТВ Сонце, ТВ Кобра (регионално), ТВ Еми (локално), ТВ Вис (регионално), Сител, Сител 3, Planeta, Balkanika, Fen TV, RT Documentary International HD, Russia Today HD, RT Documentary International, Russia Today, HRT 1, HRT 3, RTS Sat, Rai Uno, Pro 7, RTCG Sat, VOX, TRT International, K:CN 1 Kopernikus, K:CN 2 Mjuzik, K:CN 3 Svet Plus, Happy TV, RTV Atlas, 24 Kitchen, Nick Jr, Nickelodeon, Comedy Central Extra, MTV Adria, Travel Channel, Fox, Fox Life, National Geographic, TLC, Discovery Channel, Animal Planeta, Cartoon Network, Boomerang, CNN, DM Sat, Klasik TV, VH1, MTV Music, Sat 1, RTL, RTL 2, Hustler TV и History HD;

-ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, Подружници Телекабел – дигитален пакет за градовите Скопје, Велес, Штип, Битола, Свeти Николе, Струмица, Кочани, Неготино, Радовиш и Кавадарци, Потврда бр. 29 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Jim Jam, Extreme Sports, CBS Drama, Daring TV и Hustler;

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, Подружници Телекабел – aналоген збирен пакет за градовите Скопје, Велес, Штип, Битола, Свети Николе, Струмица, Кочани, Неготино, Радовиш и Кавадарци, Потврда бр. 8 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следниот телевизиски програмски сервис: Радио Енџелс ФМ (локално);

– на ТРД-оператор на кабелска мрежа ИГМАС – НЕТ ДООЕЛ Битола, Потврда бр. 2 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Телма, ТВ Сонце, Алсат-М, Сител, Сител 3, Канал 5, Канал 5 плус, Алфа, 24 Вести, Наша ТВ, Palma Plus, Duga TV, Astro TV, HD Mjuzik, Top Music, DM Sat, RT Documentary International, Russia Today, B92 info, Soko TV, Studio B, RTV Atlas, Svet Plus, TV K3, OTV Valentino, Rodina TV, Sos Kanal, KCN Mjuzik, Kopernikus и Happy TV;

-наТРД-оператор на кабелска мрежа БИВ ПИРАМИДА ДООЕЛ Делчево, Потврда бр. 3 и бр. 2со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Канал 5, Канал 5 плус, Алфа, Наша ТВ, ТВ Д1 (регионално) , Алсат-М, ТВ Стар (регионално), ТВ Ирис (регионално), Fox Crime, Fox Life, National Geographic, 24 Kitchen, Baby TV, TV 1000, Viasat Explorer, Viasat History, Fen TV, Balkanika TV, Planeta, Sport Klub 1, Sport Klub 2, Cinemania, Golf Sport, Ultra, IQS Life, Lov i Ribolov, Sport Klub 3, Mini Ultra, RT Documentary International, Russia Today, RT Documentary International HD, Russia Today HD, Soko TV, Studio B, Duga TV, OTV Valentino, Sos Kanal, KCN Mjuzik, Happy TV, Palma Plus, TV K3, Astro TV, HD Mjuzik, Top Music, HRT 1, RTS Sat и Rai Uno;

-на ТРД – Oператор на кабелска мрежа САНЕТ КАБЕЛ САТ Виница, Потврда бр. 2 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси: Канал 5 плус, Sport Klub 1, Sport Klub 2, Lov i Ribolov, Golf Klub, Cinemania, Ultra и TV K3.

-на ТРД – Oператор на кабелска мрежа САНЕТ КАБЕЛ САТ Виница, Потврда бр. 1 со која регистрираниот дигитален програмски пакет како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси: МТВ 1, МТВ 2, Собраниски канал, Сител, Сител 3, Канал 5, Канал 5 +, Алфа, 24 Вести, Наша ТВ, Алсат-М, Телма, ТВ Сонце, DM Sat, Atlas TV, HD Mjuzik, Happy TV, Kopernikus TV, Kopernikus Mjuzik, Svet Plus, B92 Info, Soko TV, RTS Sat, RTCG Sat, HRT 1, HRT 3, Rai Uno, Rai Due, Rai Tre, Pro 7, Super RTL, TRT Internacional, Planeta , OTV Valentino, Russia Today, Russia Todаy, Doc Sport Klub 1, Sport Klub 2, Lov i Ribolov, Golf Klub, Cinemania, Ultra и TV K3.

-на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Cкопје, Тетово, Куманово, Велес, Штип, Прилеп, Потврда бр. 61 со која регистрираниот дигитален програмски пакет како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси: Planeta, Planeta HD, Planeta Folk, Bloomberg, ATV, STV, Star TV и Kanal D.

 

 



Accessibility

Accessibility