Хроника од 15-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 28.10.2014г – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница ги усвои следниве Нацрт-Правилници и едно Нацрт-Упатство: Нацрт – Правилник за начинот на вршење на видео надзор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Нацрт-Правилник за нивелација на тонот на аудиовизуелна содржина, Нацрт-Правилник за условите, начинот и постапката за чување и бришење снимки на радио и телевизиски програмски сервиси, Нацрт-Правилник за условите, начинот и постапката за издавање копија од снимка на објавена информација во рамките на програмскиот сервис на радиодифузерите на државно, регионално и локално ниво во Република Македонија,  Нацрт-Правилникза безбедност и здравје при работа и Нацрт-Упатство за начинот на мерење на гледаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите што емитуваат телевизиска програма од Република Македонија.

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, му даде одобрение на Директорот на Агенцијата за спроведување на постапката за јавна набавка: Одржување и проверка на градежен објект.



Accessibility

Accessibility