Хроника од 15-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 28.05.2021 година – За да се обезбедат средства наменети за изработка на Анализа на родовите прашања за 2021 година, на денешната 15-та седница Советот на Агенцијата донесе Одлука за одобрување на ребаланс на Финансискиот план за 2021 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Поради природата на предметот на јавните набавки, односно префрлање на набавките од предметот стока во услуга Советот даде одобрување за изменување на Годишниот план за јавни набавки во 2021-та година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги бр.05-4773/1 од 30.12.2020 година.

Советот изрече јавна опомена на ВИВА НЕТ од Берово и на ТОТАЛ ТВ од Скопје бидејќи реемитувале програмски сервиси кои не се опфатени со потврдите за регистрација на програмските сервиси издадени од Агенцијата со што го прекршиле член 141  од ЗААВМУ.



Accessibility

Accessibility