Хроника од 16та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 02.06.2021 – Врз основа на констатации од надзор, Советот на Агенцијата изрече две мерки јавна опомена, и тоа на ДРИМ САТ ИПТВ ДООЕЛ с.Чегране-Гостивар за реемитување на програмски сервис кој не е опфатен со потврдите за регистрација на програмски сервиси, што е спротивно на чл.141 од ЗААВМУ и на ТОТАЛ ТВ ДОО Скопје поради тоа што во својот програмски пакет ги нема обезбедено програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис што е спротивно на чл.143 став 3 од ЗААВМУ.

На денешната седница Советот на Агенцијата донесе Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Согласно потребите на Агенцијата, Советот даде одобрувања на директорот на Агенцијата да донесе одлуки за уплата за средства заради овозможување пристап до податоците на Интернет дистрибутивниот систем на Централниот регистар на РСМ,  за дообезбедување средства потребни за реализација на договорот за јавна набавка за обновување на сертификатот ISO 9001:2015 и за набавка на паравани од плексиглас.



Accessibility

Accessibility