Хроника од 18-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 08.05.2017г. – Советот на Агенцијата донесе Одлука за ребаланс на финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2017 година. Во однос на Информацијата во врска со доставениот допис од Извршител за предметот за должникот Радиодифузно друштво „СКАЈ НЕТ – Манчев“ ДОО Скопје, Советот на Агенцијата донесе Заклучок да испрати Известување до Извршителот. Воедно, донесе и Одлука за уплата на средства заради овозможување пристап на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги до податоците на Интернет дистрибутивен систем на Централен регистар на Република Македонија. Со цел да се започнат постапки за јавна набавка кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2017 година на Агенцијата, Советот даде одобрение Директорот на Агенцијата, да спроведе постапки за јавна набавка-стока канцелариски материјали и јавна набавка-услуга одржување на веб страницата на Агенцијата.



Accessibility

Accessibility