Хроника од 19-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 25.04.2019г. – На вчерашната седница, Советот на Агенцијата ги разгледа кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01 јануари до 31 март 2019 година.

Советот на Агенцијата покрена прекршочна постапка против ТРД 1ТВ ДООЕЛ Скопје поради прекршување на член 76 став 4 од Изборниот законик, односно емитување на платено политичко рекламирање во посебна информативна програма.

Врз основа на констатации од надзор Советот на Агенцијата донесе 7 Решенија за изрекување мерка јавна опомена на следниве радиодифузери и оператори на јавна електронска комуникациска мрежа:

  1. ТРД КОМПАНИ 21-М ДООЕЛ Скопје за неозначување на промотивни најави за игран серијал со сигнализација за заштита на малолетни лица (член 50 став 3 од ЗААМУ и член 22 став 2 од Правилникот за заштита на малолетни лица), говор на водител на емисија емитуван изворно на српски јазик без превод на албански или на македонски јазик (член 64 став 1 од ЗААМУ), необјавување на податоци – Импресум (член 14 од Закон за медиуми), неемитување на најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела (член 92 став 1 и 3 од ЗААМУ).
  2. ТРД 1ТВ ДООЕЛ Скопје за емитуван говор на гостин во емисија без превод на македонски јазик (член 64 став 1 од ЗААМУ).
  3. ТРД КАБЕЛ ДОО Струмица за реемитување на програмски сервис „DM SAT“ кој не е опфатен во потврдата за регистрација издадена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (член 141 од ЗААМУ).
  4. Друштво за телекомуникации ПЕТ НЕТ ДОО Гевгелија за реемитување на програмските сервиси „Аl Jazeera”, „Da Vinci”, „Travel Channel“ и „Outdoor“ кои не се опфатен во потврдата за регистрација издадена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (член 141 од ЗААМУ).


Accessibility

Accessibility