Хроника од 19-та седницa

image_pdfimage_print

Скопје, 15.05.2017г. – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе Одлука за доделување дозвола на Гордана Цветаноска од с.Мало Коњари, Прилепско, за радио емитување на програмски сервис, музичко-говорно радио од општ формат на македонски јазик на локално ниво на подрачјето на општина Кривогаштани. 

Воедно, Советот даде одобрувања за: дополнување на Годишниот план за јавни набавки во 2017 година, за набавка на адвокатски услуги од адвокатско друштво/канцеларија, за обезбедување на дополнителна претплата за 4 конекции/пристапи на електронската база на прописи – ЈП Службен Весник на Република Македонија за период од една година и за набавка од мала вредност на штедливи сијалици. Со цел да се започне постапка за јавна набавка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2017 година на Агенцијата, Советот даде одобрение Директорот на Агенцијата, да спроведе постапка за јавна набавка-стока: пијалаци за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.



Accessibility

Accessibility