Хроника од 2та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 28.01.2021 год. – Советот на Агенцијата на денешната седница, ги разгледа Кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01 ноември до 31 декември 2020 година.

Во врска со известување за промена на сопственичка структура, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се дозволи промена на сопственичката структура на Трговското радиодифузно друштво РАДИО СВЕТИ НИКОЛЕ ДОО Свети Николе.

Со цел започнување на постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2021 година на Агенцијата, Советот даде одобрувања на директорот на Агенцијата да ги спроведе постапките за јавна набавка: услуга-податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици, стока-софтвер за заштита на персоналните компјутери, услуга-ревизорски услуги, услуга-авио билети, услуга-финансиско-осигурителни услуги и услуга од приватна агенција за вработување.



Accessibility

Accessibility