Хроника од 2-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 13.01.2020 – На 2-та седница одржана на 13.01.2020 година, Советот на Агенцијата донесе Решение за бришење од регистарот на радиодифузери на ТРД ТВ КИСС, Злате ДООЕЛ Тетово.

Врз основа на констатации од редовен надзор, Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД КАПИТОЛ ФМ ДООЕЛ Скопје поради прекршување на член 80 став 5 од ЗААВМУ, односно поради неплаќање на годишниот надоместок за дозвола.

Воедно, Советот на Агенцијата донесе и Одлука за одбивање на барање за објавување на јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на локално ниво, поради немање слободна радиофреквенција на подрачјето на општина Тетово.

 



Accessibility

Accessibility