Хроника од 2-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 17.01.2017г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата донесе Oдлука за доделување дозвола на Бесим Шабани од с.Матејче, за радио емитување на програмски сервис, говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат, на албански јазик, на локално ниво, на подрачјето на општина Куманово, кој ќе се емитува преку радиофреквенција определена од страна на Агенцијата за електронски комуникации.

Се одобри и донесување на Oдлука од страна на директорот за исплата на средствата за национално кофинансирање (НФК) за проектот на Агенцијата од IPA TAIB 2011 „Обезбедување опрема за мониторинг на медиумските содржини што ги врши Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“.

Советот на Агенцијата даде одобрување за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки во 2017 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – тонери за принтер и копир апарати.      



Accessibility

Accessibility