1

Хроника од 21-та седница

Скопје, 04.06.2020 година – На денешната седница Советот на Агенцијата го поништи Заклучокот бр.02-1605/5 0д 02.04.2020 година и заклучи да се продолжи постапката за донесување на подзаконските акти кои произлегуваат од член 143 во согласност со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На оваа седница Советот го донесе Упатството за начинот на регистрација и бришење на законски застапник на радиодифузер од друга држава во регистарот на законски застапници на радиодифузери од други држави кои се реемитуваат на територијата на Р.С. Македонија, Упатството за постапката за утврдување на одговорноста за сторена повреда или прекршување при реемитување на програмски сервиси на радиодифузери од друга држава, и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси бр.01-5775/1 од 21.11.2014 година.

Поради непочитување на одредбите од Законот за медиуми, Советот на Агенцијата на ТРД Ирис од Штип му изрече две јавни опомени за прекршување на член 15 став 1 од Законот за медиуми и член 15 став 3 од истиот Закон.

За прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и членовите 16 и 17 од Правилникот за заштита на малолетните лица Советот на Агенцијата му изрече мерка јавна опомена на ТРД Телевизија Сител ДООЕЛ Скопје.