Хроника од 21-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 14.06.2017г. – На денешната седница Советот на Агенцијата, донесе Одлука за ребаланс на финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски работи 2017.

Со цел усогласување со препораките од внатрешниот ревизор, Советот на Агенцијата усвои измени и дополнувања на Безбедносната политика на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во областа на информациско-комуникациската технологија. Советот одобри и донесување на Одлуки за објавување на јавни огласи за засновање на работни односи и за спроведување на постапки за вработување на 2 (двајца) извршители, виш соработник за јавни набавки и административно-технички работи и виш соработник за технологии и одржување на информатичкиот систем во Секторот за информатичка поддршка и општи работи.

Воедно, Советот донесе Правилник за дополнување на Правилникот за внатрешна организација и работа на Агенцијата и Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.



Accessibility

Accessibility