Хроника од 21-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 06.06.2016г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата, донесе Правилник за утврдување на локациите до кои операторите на јавни електронски комуникациски мрежи кои реемитуваат програмски сервиси и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање се должни да го испорачаат својот сигнал.

Советот на Агенцијата донесе одлука со коjа се дозволува промена на сопственичката структура на ТРД СТРЕЕТ ФМ ДООЕЛ Скопје, со оглед на тоа што со предложените промени не се создава недозволена медиумска концентрација.

Воедно, Советот го одобри предлогот на директорот на Агенцијата за донесување Одлука за потреба од јавна набавка за изработка на студија со која ќе се утврди оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво, од аспект на исполнување на целите на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и од аспект на потребите на публиката (преку спроведено истражување на мислењето на публиката).



Accessibility

Accessibility