Хроника од 22-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 10.06.2016г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги,донесе Одлука за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис, музичко-говорно радио од општ формат, на локално ниво на подрачјето на општина Гостивар кој ќе се емитува преку радиофреквенција определена од страна на Агенцијата за електронски комуникации на РМ, и тоа: 94.8 МHz. Советот даде одобрение на директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за потпишување на Анекс кон Договорот за финансирање радио/телевизиска програма од јавен интерес, со кој на Друштвото за маркетинг и продукција „ИН ВАГО“ ДООЕЛ Скопје, му се даде дополнителен рок за предавање на проектот, серијата „Грло и коска“.



Accessibility

Accessibility