Хроника од 23-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 24.08.2021 – Советот на Агенцијата на денешната седница ги разгледа кварталните извештаи за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за второто тромесечје од 2021 година.

На оваа седница Советот донесе Одлука за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис, музичко-говорно радио од општ формат, на македонски јазик, на локално ниво, на подрачјето на општина Ново Село и Одлука за утврдување на постоење на недозволена медиумска концентрација кај Трговското радиодифузно друштво ТВ НОВА ДОО Гевгелија.

Со цел усогласување со новиот Закон за заштита на лични податоци, Советот го усвои Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Врз основи од констатации од надзор, Советот на Агенцијата донесе неколку решенија за изрекување на мерки јавни опомени, и тоа:

  • КАБЕЛ-НЕТ Струмица, оператор на ЈЕКМ, поради реемитување на програмскиот сервис „FilmBox Extra” кој не е опфатен со потврдите за регистрација на програмски сервиси;
  • ТВ-ЕДО с.Љубин, поради неозначување со предупредувачка сигнализација за „програма во која се пласирани производи“ во забавно-документарна емисија, неемитување на најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, ниту пак најмалку половина од законскиот миниум изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела, емитување на поп-ап/реклами на поделен екран меѓу кои не поминува пропишаниот период од 15 минути и необјавување податоци за импресум во изданија на емисии, кои е должен да ги емитува на соодветно место за секоја содржина на програмскиот сервис.
  • СИТИ Телевизија Скопје, поради неозначување со предупредувачка сигнализација и необјавување податоци за импресум во изданија на емисии, кои е должен да ги емитува на соодветно место за секоја содржина на програмскиот сервис.
  • ТВ КОХА Тетово, поради неемитување на половина од изворно создадена програма на македонски аудиовизуелни дела, и
  • КТВ Кавадарци, поради емитување на поп-арт/реклами на поделен екран меѓу кои не минува пропишаниот период од најмалку 15 минути.

Со цел започнување на постапка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2021 година на Агенцијата, Советот даде одобрување на директорот на Агенцијата да ја спроведе постапката за јавна набавка на услугата адаптивно и превентивно одржување на постојниот софтвер за анализа на РА и ТВ програми НАВС.



Accessibility

Accessibility