Хроника од 23-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 05.06.2019г. – Советот на Агенцијата донесе Решение за отфрлање на Барањето за доделување на дозвола без објавување на јавен конкурс за телевизиско емитување, поради тоа што истото е нецелосно, односно не ги содржи сите податоци кои се предвидени во член 76 ставови 3 и 4 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Воедно, Советот на Агенцијата донесе и едно Решенија за изрекување мерка јавна опомена на ТРД БИ-КИ-АЛ ДООЕЛ Битола поради констатирано прекршување на член 15 став 1 од Законот за медиуми.

Со цел да се започне постапка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2019 година на Агенцијата, Советот даде одобрение директорот на Агенцијата да спроведе постапка за јавна набавка-услуга: систематски преглед.

Советот на Агенцијата донесе заклучок со кој му одобри на директорот на Агенцијата да донесе Одлука за исплата на еднократна солидарна помош за подолготрајно боледување и лечење врз основа на здравствена документација на вработен во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

 



Accessibility

Accessibility