Хроника од 24-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 01.09.2021 година – Советот на Агенцијата го усвои Нацрт – упатство за платеното политичко рекламирање за Локалните избори 2021 кое ќе се објави на веб страницата на Агенцијата (www.avmu.mk) со цел да се отвори јавна расправа по неговиот текст во траење од 15 дена.

Поради прекршување на член 92 став 3 од ЗААВМУ односно поради не емитување на најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела во периодот од 7:00 до 19:00 часот, Советот му изрече мерка јавна опомена на ТРД СИТИ ТЕЛЕВИЗИЈА ДООЕЛ Скопје. Согласно Годишниот план за јавни набавки на Агенцијата за 2021 година, Советот даде одобрување на директорот на Агенцијата за спроведување на две постапки за јавна набавка – Одржување на хардвер на системот за мониторирање на радио и ТВ сервиси и надзор на ОЈЕКМ, за период од 2 (две) години и Водоинсталатерски и електричарски услуги.

Советот на Агенцијата не го прифати Приговорот доставен до Советот на Агенцијата на Решение за изрекување дисциплинска мерка – парична казна за сторен дисциплински престап, поднесен од вработена во Стручната служба на Агенцијата.



Accessibility

Accessibility