Хроника од 24-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 27.12.2014г. Советот на Агенцијата на денешната седница усвои измени на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година.

Советот на Агенцијата усвои измени и дополнувања на Годишниот план за јавни набавки во 2015 година.

Советот донесе Одлука за замена на постојните дозволи за вршење радиодифузна дејност со нови дозволи за телевизиско или радио емитување на вкупно 133 (стотриесетитри) радиодифзуери кои поднесоа пријава за замена на дозволите.

Советот го усвои следниве подзаконски акти: Упатство за начинот на мерење на гледаноста и слушаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодифзуерите; Правилник за вршење на видео надзор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и План за создавање систем на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Советот усвои Нацрт – План за намена и распределба на капацитети на дигитален терестријален мултиплекс на оператор на јавна електронска комуникациска мрежа кој има обврска за емитување на програмските сервиси на радиодифузерите. По текстот на Нацрт-Правилникот е отворена јавна расправа со траење од 30 (триесет) дена, во чии рамки сите заинтересирани страни ќе можат да достават забелешки по наведениот документ.



Accessibility

Accessibility