Хроника од 25-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 18.07.2017г. – На вчерашната седница, Советот на Агенцијата ги разгледа Кварталните извештаи за спроведување на програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и за преземените мерки од страна на Агенцијата, за периодот од 01.04 до 30.06.2017 година.

Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за радио емитување на Трговското Радио-Дифузно Друштво Б-97 ДООЕЛ Битола, поради тоа што имателот на дозволата престанал со емитување на програмскиот сервис повеќе од 30 дена поради технички, финансиски или други причини, согласно член 82 став 1 алинеја 2 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.



Accessibility

Accessibility