Хроника од 26-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 28.07.2017г. – На вчерашната седница, Советот на Агенцијата донесе Oдлука за доделување дозвола на ТРД Вижн БМ-ТВ КАНАЛ ВИЗИЈА ДООЕЛ Прилеп, за телевизиско емитување на програмски сервис со претежно забавен општ формат, на македонски јазик, преку јавна електронска мрежа што не користи ограничен ресурс, на локално ниво – Општина Прилеп, Општина Долнени и Општина Кривогаштани и Решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД Б-97 ДООЕЛ Битола.

Советот донесе Одлука за ребаланс на финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски работи за 2017 година и даде одобрување за дополнување на Годишниот план за јавни набавки во 2017 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Се донесоа одлуки со кои се дозволи промена на сопственичката структура на ТРД КАНАЛ 5 ДООЕЛ Скопје, РД НАША ТВ ДООЕЛ Скопје и ТРД РФМ ДООЕЛ Скопје.

Со цел да се започнат постапки за јавни набавки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2017 година на Агенцијата, Советот даде одобрение Директорот на Агенцијата, да спроведе постапки за јавни набавки за следниве услуги: Истражување на мислењето на публиката, Анализа на нови медиуми-опфат, улога и трендови на регулирање, Анализа на родовите прашања и на начинот на прикажување на жените и мажите во програмите на радиодифузерите, Печатарски услуги и Ангажирање на биро за преведување.



Accessibility

Accessibility