Хроника од 27-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 04.08.2017г. – На седница, Советот на Агенцијата донесе Oдлука дека не е успешен Јавниот конкурс за доделување дозвола на непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на програмски сервис, на ромски и македонски јазик, на локално ниво, на подрачјето на општина Штип, поради тоа што во утврдениот рок во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не е примена ниту една пријава.

Поради прекршување на член 80 став 5 од ЗААВМУ, односно не плаќање на надоместокот за дозволата за телевизиско емитување во законски утврдениот рок, Советот покрена една постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Телевизија ИРИС ДОО Штип.

Согласно Годишниот план за јавни набавки за 2017, Советот даде одобрение Директорот на Агенцијата да спроведе осум постапки за јавни набавки за потребите на Агенцијата и тоа: Навлажнувачи на воздух за работните простории, одржување и сервисирање на службени возила на Агенцијата, одржување и сервис на компјутерскиот систем и системот за мониторинг, ангажирање на фирма за водоинсталатерски и електричарски услуги, одржување и  сервисирање на системот за ладење, греење и вентилација, пренос на податоци од далечинските локации, технички преглед на лифтови и услугата одржување на интегрираниот софтвер за правно, финансиско и економско работење.



Accessibility

Accessibility