Хроника од 27-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 28.06.2018 – Советот на Агенцијата на 27-та седница донесе одлука за ребаланс на Финансискиот план на Агенцијата за 2018-та година, со која ќе се обезбедат средства кои ќе бидат наменети за ISO сертификација (9001:2015).  Исто така разгледа и усвои три информации и тоа: Информација во врска со доставено „Барање за одземање на лиценца на Телевизија 24 Вести“, Информација за кадровските услови кај Универзитетското радио „СТУДЕНТ ФМ 92,9“ и Информација за преземени активности поради сомневање дека е сторена повреда на авторските и сродните права.

Воедно, Советот даде одобрување за спроведување на две јавни набавки од типот услуга – Пренос на податоци од далечинските локации и Одржување на системот за мониторирање и даде одобрување за донесување на одлука за обновување на 4 кориснички пристапи на елeктронската база на прописи на „Службен весник на Република Македонија“ за потребите на Агенцијата.



Accessibility

Accessibility