Хроника од 28-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 07.05.2014 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница ја усвои Информацијата во врска со реализирањето на проектот „Кажи НЕ на оружјето!“ и заклучи да упати писмен допис до Друштвото за филмска продукција, уметност и издаваштво „ШОРТКАТ“ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје со барање рок од 30 дена да достави 30 епизоди од 17 минути, согласно Договорот за финансирање радио/телевизиска програма од јавен интерес. Доколку „ШОРТКАТ“ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје во дополнително утврдениот рок не го достави потребниот снимен материјал, Агенцијата при исплаќање на износот на втората рата, истиот соодветно/пропорционално ќе го намали за минутажата за која доставениот проект е пократок. 

Агенцијата ја усвои Информацијата за пристигната претставка и барање за обезбедување рамноправен пристап во информативната програма на Јавниот радиодифузен сервис согласно членот 76а од Изборниот закон, од ВМРО Народна Партија. Одговорот на претставката може да го преземете на следниов линк:

Одговор на претставка во врска со обезбедување рамноправен пристап на Јавниот радиодифузен сервис.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

– на Трговското друштво за производство, трговија и услуги АЛТРА САТ 2000 ДООЕЛ Охрид, Потврда бр.5 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси: Eurosport, Eurosport 2, Russia Today, RT Documentary, Travel Channel, Sport Klub 1, Sport Klub 2, Sport Klub 3, Golf Klub и Lov I Ribolov;

– на Друштвото за трговски услуги ТОТАЛ ТВ ДОО Скопје, Потврда бр.16 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со телевизискиот програмски пакет Grand Production;

– на Трговското радиодифузно друштво – оператор на кабелска мрежа СКРЕМБЛ ДООЕЛ Ново Село, Потврда бр.4 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со телевизискиот програмски пакет: Al Jazeera Balkans;

– на Трговското радиодифузно друштво – оператор на кабелска мрежа СКРЕМБЛ ДООЕЛ Ново Село, Потврда бр.3 со која регистрираниот дигитален програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски пакет Al Jazeera Balkans;

– на Друштвото за промет, производство и услуги ФИБЕРНЕТВОРКС ДООЕЛ Скопје, Потврда бр.3 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски пакети:Канал 5 плус, Planeta, TV K3, TV Alfa, MTV Adria и VH1.



Accessibility

Accessibility