Хроника од 28-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 17.07.2012 – На денешната 28-ма седница Советот за радиодифузија (СРД) констатираше дека сите радиодифузери го имаат намирено долгот во однос на надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност, освен ТРД Мисс 2008 од с. Преглово, Пласница, за кого СРД започна постапка за одземање на дозволата.

Во продолжение СРД ги разгледа извештаите од мониторинзите на радио станиците Радио Лајф, Радио Равел, Радио Фортуна, Радио Клуб ФМ и Радио Фолк, при што ги изрече следните мерки и укажувања:

– Радио Лајф: 1 писмена опомена и 2 укажувања;
– Радио Равел: 1 писмена опомена;
– Радио Фортуна: 3 писмени опомени и 1 укажување;
– Радио Клуб ФМ: 3 писмени опомени и 1 укажување;
– Радио Фолк: 2 писмени опомени.

СРД исто така ги усвои и:

– Анализата на сите спроведени мерки, известувања и упатени укажувања од страна на СРД против радиодифузерите и најчести прекршувања од страна на радиодифузерите во периодот 01.01.2012 – 30.06.2012; и


– Полугодишната анализа за судските прекршочни постапки заради утврдување на ефективноста на изречените прекршочни санкции
(заклучно со 30 јуни 2012);

Овие анализи содржат и препораки за унапредување на легислативата за радиодифузија, па затоа СРД ќе му ги испрати и на Министерството за информатичко општество и администрација. Анализите во целост се достапни во сервисниот центар на веб страницата на СРД, во делот „публикации“.

Во однос на барањето од СИЗ МК НЕТ – Скопје (здружение на кабелски оператори) за регистрација на четири канали од Пинк Медиа Груп од Србија (Пинк Плус, Пинк Екстра, Пинк Фолк и Пинк Мјузик), СРД одлучи да дозволи регистрација на овие канали во програмските пакети на кабелските оператори, доколку Пинк Медиа Груп:

1. Се извини за недоинствениот и омаловажувачки третман на Република Македонија и се извини за ословувањето со „БЈР Македонија“;

2. Го намири долгот кон СРД во висина од 1.921.582 денари за дозволата за работа на Пинк 15 ДООЕЛ Скопје, чијашто дозвола беше одземена; и

3. Го намири долгот кон вработените од Пинк 15 ДООЕЛ Скопје;

 

По исполнувањето на овие услови, српската Пинк Медиа Груп, ќе мора да ги уреди и авторските права за реемитување на четирите програмски сервиси со кабелските оператори во Македонија со цел нивно легално реемитување.

Во насока на зголемување на соработката со научните институции во Р. Македонија, СРД одлучи да потпише меморандум за соработка со Факултетот за  електротехника и информациски технологии, Скопје (ФЕИТ), при УКИМ.



Accessibility

Accessibility