Хроника од 28-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 13.07.2018 – На 28-та седница, одржана на 12.07.2018 година, Советот на Агенцијата донесе Одлука за ребаланс на финансискиот план за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски работи за 2018 година. Беа разгледани кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01.04 до 30.06.2018 година.

Поради прекршување на обврската од член 62 став 6 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно член 22 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување, Советот на Агенцијата покрена и една постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на Трговското радиодифузно друштво Т.В. КАЛТРИНА Мазар Татеши, Струга ДООЕЛ.



Accessibility

Accessibility