Хроника од 28-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 17.08.2016г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата, согласно обврската утврдена во Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, донесе Нацрт-методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на предвремените избори. Јавната расправа за Нацрт-методологијата ќе трае до 24 август 2016 година.

Воедно, на денешната седница, со цел да се започне постапка за јавна набавка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2016 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот даде одобрение на директорот на Агенцијата да донесе одлука со која ќе се одобрат финансиски средства за спроведување на постапката за јавна набавка-услуга: Истражување на медиумската писменост кај возрасната популација во Република Македонија.



Accessibility

Accessibility