Хроника од 29-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 13.07.2018 – Со цел усогласување со препораките на внатрешниот ревизор, Советот на Агенцијата усвои измени и дополнувања на Правилникот за внатрешна организација и работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Советот одобри и дополнување на Годишниот план за јавни набавки во 2018 година.

Со цел да се започнат постапки за јавни набавки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2018 година на Агенцијата, Советот даде одобрување директорот на Агенцијата за спроведување на јавна набавка – услуги: Фиксна телефонија, одржување на интегриран софтвер за правно, финансиско  економско работење, набавка од мала вредност и јавна набавка – стока: ситен потрошен информатички материјал.



Accessibility

Accessibility