Хроника од 29-та седница

image_pdfimage_print

Хроника од 29-та седница

Скопје, 30.07.2019г. – Поради исполнување на минималните кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување, Советот донесе решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД Зоран Здравковиќ МХ-РАДИО Охрид ДООЕЛ. Поради не платена фактура за годишниот надоместок за дозволата во законски утврдениот рок, Советот покрена постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Телевизија ИРИС ДОО Штип.

Врз основа на Писмен извештај за извршен вонреден административен надзор по службена должност, односно поради прекршување на член 41 ставови 1 и 2 од ЗААВМУ, Советот заклучи да му изрече мерка јавна опомена на ТРД АЉБАНА ПЛУС од Куманово.

На 29-та седница Советот донесе Правилник за изменување на Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање копија од снимка на објавена информација во рамките на програмскиот сервис на радиодифузерите на државно, регионално и локално ниво во Република Македонија.

За потребите на Агенцијата даде одобрување директорот да донесе одлука за набавка од мала вредност на стока (подвижни клима уреди).

Исто така Советот донесе Решение за отфрлање на Барањето за доделување на дозвола без објавување на јавен конкурс за телевизиско емитување на ТРД ТВ КИСС, Злате ДООЕЛ Тетово, кое е со условна важност и ќе стапи во сила доколку радиодифузерот заклучно со 30.07.2019 година (до 24:00 по електронска пошта или по пошта со датум на прием до 30.07.2019 година) не ги достави потребните документи за да го дополни Барањето.

 



Accessibility

Accessibility