Хроника од 3та седница

Скопје, 15.01.2024 – Советот на Агенцијата на денешната трета седница покрена постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД РАДИО ХИТ ФМ ДООЕЛ Скопје, поради тоа што не ги исполнува минималните кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.

Советот на Агенцијата донесе Одлука за доделување на финансиска помош – донација на Здружение на граѓани ИСТРАЖУВАЧКА РЕПОРТЕРСКА ЛАБОРАТОРИЈА – ИРЛ Скопје, со цел да се обезбеди остварување на нејзините идни истражувачки иницијативи, зголемување на обемот и квалитетот на содржините кои ги продуцира, а во чиј фокус се борбата со корупција и борбата со дезинформации, поддршка на нејзината работа за подобрување на пазарот на медиуми и креирање на дополнителен кадар кој ќе произведува содржини согласно врвните меѓународни професионални стандарди, како и на примената на иновативниот модел на мултимедијално раскажување на квалитетни и независни истражувања, што ќе доведе до зголемена доверба во медиумите и подобрување на медиумската писменост во земјата, а преку известувањата за теми кои се важни за граѓаните, со што ќе им се помогне да носат информирани одлуки-политичка пропаганда за време на избори и владеење на правото.

За потребите на Агенцијата и согласно Планот за јавни набавки за 2024 година, Советот одобри директорот на Агенцијата да донесе Одлука за набавка на ИКТ опрема.



Accessibility

Accessibility