Хроника од 3-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 28.01.2021 година – На вчерашната седница Советот на Агенцијата донесе Одлука за одобрување на ребаланс на Финансискиот план за 2022 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со што се обезбедија финансиски средства наменети за изработка на студија за утврдување на оправданоста за објавување на јавен конкурс за доделување дозвола за ТВ емитување на државно ниво.

Врз основа на констатации од редовен надзор Советот на Агенцијата изрече мерка јавна опомена на Друштвото за телекомуникации ПЕТ НЕТ Гевгелија за реемитување на програмски сервиси кои не се опфатени со потврдите за регистрација на програмски сервиси, што е спротивно на чл.141 од ЗААВМУ.

Со цел започнување на постапка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2022 година на Агенцијата, Советот даде одобрувања на директорот на Агенцијата да ја спроведе постапката за јавна набавка на услуга – податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици.

Поради усогласување на техничко технолошките средства и утврдување на постапка за отуѓување и расходување на службени мобилни телефони, Советот на Агенцијата донесе Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за користење на службени телефони и 3Г УСБ модем во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.



Accessibility

Accessibility