Хроника од 3-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 22.01.2016г. – Советот на Агенцијата донесе одлука со коja се дозволува промена на сопственичката структура на ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА ПЛУС ДООЕЛ, со оглед на тоа што со предложените промени не се создава недозволена медиумска концентрација.

Воедно, Советот на Агенцијата даде одобрување и на одлуката на директорот на Агенцијата, за предвремена отплата на дел од кредитот наменет за изградба на деловниот објект на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Со цел да се започнат постапки за јавна набавка кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2016 година на Агенцијата, Советот даде одобрение Директорот на Агенцијата, да ги спроведе следниве постапки за јавни набавки: одржување и сервис на компјутери и активна мрежна опрема, одржување и сервис на фотокопир апарати, факс и принтери, набавка на тонери за принтер и копир апарати, набавка на авионски билети, ревизорски услуги и мултифункциски принтери.  



Accessibility

Accessibility