Хроника од 3-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ – 24.01.2014 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница го усвои Ребалансот на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014-та година.

Агенцијата го усвои Извештајот за следењето на сопственичката структура на радиодифузерите и на нивните обврски во поглед на транспарентноста на сопственоста во периодот од 01 јули до 31 декември 2013 година.

 Агенцијата ја усвои Информацијата за ослободување од плаќање радиодифузна такса за семејните домаќинства на обврзниците од: село Велмеј, село Брежани, село Горно Средоречие и село Мраморец – општина Дебарца, село Конопиште – општина Кавадарци, село Тајмиште – општина Кичево, и село Смилево, општина Демир Хисар и одлучи да и предложи на Владата на Република Македонија, да ги ослободи од плаќање на радиодифузната такса семејните домаќинства на обврзниците, кои не се покриени со радиодифузните сигнали, на ЈП Македонска радиодифузија преку кои се емитуваат програмските сервиси на МРТ: вкупно 198 (сто деведесет и осум) семејни домаќинства од село Велмеј, општина Дебарца, вкупно 5 (пет) семејни домаќинства од село Горно Средоречие, општина Дебарца, вкупно 6 (шест) семејни домаќинства од село Мраморец, општина Дебарца, вкупно 178 (сто седумдесет и осум) семејни домаќинства од село Конопиште, општина Кавадарци, вкупно 47 (четириесет и седум) семејни домаќинства од село Тајмиште, општина Кичево и вкупно 96 (деведесет и шест) семејни домаќинства од село Смилево, општина Демир Хисар.

Агенцијата одлучи да прати допис до операторот на јавната електронска комуникациска мрежа АС-САТ ДОО Гостивар, со кој ќе му препорача да го реемитува телевизискиот програмски сервис на регионалниот радиодифузер ТВ Чеграни Медиа од с. Чегране Гостивар.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на Друштвото за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Велес, Потврда бр. 26 со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: RTS Sat, Planeta, Viasat Explorer, Viasat History, MTV Adria, TV 1000, Fashion TV и National Geographic.

-на Друштвото за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Cкопје, Потврда бр. 28 со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: RTS Sat, Planeta, Viasat Explorer, Viasat History, MTV Adria, TV 1000, Fashion TVи National Geographic.

-на Друштвото за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Штип, Потврда бр. 23 со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: RTS Sat, Planeta, Planeta, Viasat Explorer, Viasat History, MTV Adria, TV 1000, Fashion TV и National Geographic.

-на Друштвото за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Куманово, Потврда бр. 25 со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: RTS Sat, Planeta, Viasat Explorer, Viasat History, MTV Adria, TV 1000, Fashion TV и National Geographic.

-на Друштвото за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Прилеп, Потврда бр. 27 со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: RTS Sat, Planeta, Viasat Explorer, Viasat History, MTV Adria, TV 1000, Fashion TV и National Geographic.

-на Друштвото за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Тетово, потврда бр. 26 со која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: RTS Sat, Planeta, Viasat Explorer, Viasat History, MTV Adria, TV 1000, Fashion TV и National Geographic.

-на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Cкопје, Потврда бр. 29 со Која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следниот програмски сервис: ТВ Ера.

-на Друштвото за телекомуникации ПЕТ НЕТ ДОО Гевгелија, Потврда бр. 7 со Која Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следноот програмски сервис: ТV DUGA.



Accessibility

Accessibility