Хроника од 3-та седница

image_pdfimage_print

17.07.2014 – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на денешната седница донесе одлука за Ребаланс на финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014 година.

Советот, донесе 3 правилници: Правилник за внатрешна организација и систематизација на работите и задачите во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со Прилог бр.1 Опис на работните места, работите и задачите во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Прилог бр.2 Табеларен преглед на работните места во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги; Правилник за месечниот надоместок и другите трошоци на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Правилник за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

За неисполнување на обврската од член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно за неплаќање на надоместокот за дозволата за законски утврдениот рок, по предлог на в.д. директорот на Агенцијата, Советот донесе одлука за покренување постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на ТРД Телевизија ИРИС Штип, Хоме Радио, Скопје, ТВ Шутел Скопје, ТВ БТР Национал, Скопје и ТВ Канал 5 Плус, Скопје.

Советот на Агенцијата, донесе одлука за овластување на в.д Директорот на Агенцијата, во име на Агенцијата, да склучи Договор за закуп на деловен простор за просториите во кои се наоѓа седиштето на Агенцијата.



Accessibility

Accessibility