Хроника од 30-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 25.10.2021 – Поради усогласување со постојните акти, Советот на Агенцијата донесе Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на користење, управување и одржување на службените моторни возила на АВМУ.

Со цел започнување на постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2021 година на Агенцијата, Советот даде одобрување на директорот на Агенцијата за спроведување на јавни набавки за пренос на податоци од далечинските локации, печатарски услуги и систематски прегледи на вработените во Агенцијата. Воедно се одобрија финансиски средства за обновување на два кориснички пристапи до електронската база на прописи на „Службен весник на Република Северна Македонија“.



Accessibility

Accessibility