Хроника од 30-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 16.07.2018 – Советот на Агенцијата на денешната седница донесе Одлука за објавување на јавен конкурс за доделување 1 (една) дозвола за непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на програмски сервис наменет за христијанското население, на подрачјето на општина Струмица, на локално ниво, на македонски јазик, кој ќе се емитува преку радиофреквенција определена од страна на Агенцијата за електронски комуникации на РМ, и тоа: 106.5 МHz. Исто така донесе и Решение за запирање на постапката за утврдување на постоење недозволена медиумска концентрација по службена должност кај Трговското радиодифузно друштво АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје. Со цел да се започнат постапки за јавни набавки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2018 година на Агенцијата, Советот даде одобрување за спроведување на јавна набавка за изработка на Студија за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за радиоемитување на државно ниво.

Советот на Агенцијата на седницата не го усвои предлогот од директорот на Агенцијата и не даде одобрување за спроведување на постапката за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – услуга: Сертификација за ИСО (ISO) – (9001:2015).



Accessibility

Accessibility