Хроника од 30-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 19.08.2019г. – На денешната 30-та седница Советот на Агенцијата донесе Одлука за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД телевизија ИРИС ДОО Штип, поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно поради неплатен годишен надоместок за  дозвола за телевизиско емитување во законски утврдениот рок.

Поради прекршувања на одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски и Законот за медиуми, Советот заклучи да им изрече мерка јавна опомена на 5 радиодифузери и тоа:

  • на Радиодифузно Друштво НАША ТВ ДООЕЛ – Скопје му изрече 6 јавни опомени поради прекршување на член 98 став 2 од ЗААВМУ и член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники, поради прекршување на член 54 став 2 од ЗААВМУ и член 8 од Правилникот за спонзорство, поради прекршување на член 55 ставови 5 и 7 од ЗААВМУ, поради прекршување на член 100 став 1 од ЗААВМУ, поради прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и членовите 17 и 19 од Правилникот за заштита на малолетници и поради прекршување на член 14 од Законот за медиуми;
  • на ТРД 24 ВЕСТИ ДООЕЛ Штип му изрече 2 јавни опомени поради прекршување на член 98 став 2 од ЗААВМУ и член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники и поради прекршување на член 54 став 1 од ЗААВМУ;
  • на ТРД ТВ  Студио ТЕРА Манговски Зоран Битола ДООЕЛ му изрече 3 јавни опомени поради прекршување на член 92 став 3 од ЗААВМУ, поради прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ и поради прекршување на член 98 став 2 од ЗААВМУ и член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники,
  • на ТРД ТВ ЕРА ДООЕЛ Скопје му изрече 2 јавни опомени поради прекршување на член 92 став 3 од ЗААВМУ и поради прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ.
  • на ТРД ТВ-СТАР ДОО Штип му изрече 1 јавна опомена поради прекршување на член 92 став 1 од ЗААВМУ.

Согласно Планот за јавни набавки на Агенцијата за 2019 година, Советот даде одобрување за спроведување на две јавни набавки од типот услуга: oдржување и сервисирање на системот за ладење, греење и вентилација и oдржување на интегриран софтвер за правно, финансиско и економско работење. Исто така даде одобрение за спроведување на потреба од јавна набавка–стока: мопед за потребите на Агенцијата. Точката за потреба од јавна набавка–стока: електрична енергија беше повлечена од  Дневниот ред заради дополнување на материјалот  од страна на службата.

 



Accessibility

Accessibility