Хроника од 30-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 01.09.2016г. – На 30-та седница, Советот на Агенцијата, даде одобрување да се донесе одлука со која се укина и престана да важи Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година бр.01-4180/1 од 26.08.2016 година и други активности на Агенцијата во врска со Предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 11 декември 2016 година. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе го врши мониторингот на изборното медиумско претставување според Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси бр.01-111/1 од 5.01.2016 година. При тоа, Советот даде и одобрување да се донесе одлука за утврдување на надоместок и други трошоци на членовите на Привремената комисија за следење на медиумското претставување и донесе Одлука за измена – зголемување на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година. За потребите на Агенцијата, се даде одобрување за одлука за набавка од мала вредност.



Accessibility

Accessibility