Хроника од 31-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 23.08.2019г. – Советот на 31-та седница донесе Одлука за одбивање на барањето за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на локално ниво на подрачјето на општина Струга, затоа што со Студијата бр.08-3931/1 од 15.08.2019 година, се утврди дека не постои оправданост за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување во наведеното подрачје. Согласно донесената Одлука за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД телевизија ИРИС ДОО Штип, Советот донесе решение за бришење од регистарот на радиодифузери на ТРД телевизија ИРИС ДОО Штип.

Поради прекршувања на одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски и Законот за медиуми, Советот заклучи да им изрече мерка јавна опомена на 4 радиодифузери и тоа:

  • на ТРД ДИБРА ТВ ДООЕЛ Дебар му изрече 2 јавни опомени поради прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ и поради прекршување член 51 став 1 од ЗААВМУ,
  • на ТРД Јован Трпески ТВ МОРИС ДООЕЛ Охрид му изрече 3 јавни опомени поради прекршување на член 92 став 3 од ЗААВМУ, поради прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ и поради прекршување на член 14 од Законот за медиуми,
  • на ТРД ТВ НОВА ДОО Гевгелија му изрече 4 јавни опомени поради прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 17 од Правилникот за заштита на малолетните лица, поради прекршување член 92 став 1 од ЗААВМУ, поради прекршување член 51 став 1 од ЗААВМУ и поради прекршување на член 14 од Законот за медиуми,
  • на ТРД Телевизија КАНАЛ – 21 ДООЕЛ Велес му изрече 4 јавни опомени поради прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 19 од Правилникот за заштита на малолетните лица, поради прекршување член 98 став 1 од ЗААВМУ, поради прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ и поради прекршување на член 14 од Законот за медиуми.

На седницата Советот даде одобрување директорот на Агенцијата да донесе одлука за исплата на надоместок за смрт на член на семејство.



Accessibility

Accessibility