Хроника од 31-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 19.08.2020 год. – Советот на Агенцијата во врска со барањето поднесено од Друштвото за трговија, производство и услуги М НЕТ-ХД ДОО увоз-извоз Штип, донесе Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис со општ формат во кој застапените видови програми ги остваруваат сите три медиумски функции, на македонски јазик, преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс, на регионално ниво.

На оваа седница Советот донесе заклучок и Одлука за повторно објавување на јавен конкурс за доделување дозвола за непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на програмски сервис на локално ниво на подрачјето на општина Тетово, на локално ниво, на албански и македонски јазик.

Со цел започнување на постапка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2020 година на Агенцијата, Советот даде одобрување за директорот на Агенцијата да ја спроведе постапката за јавна набавка-услуга: Одржување Денови на медиумска писменост 2020.

 



Accessibility

Accessibility