Хроника од 32-та седница

image_pdfimage_print

 

Скопје, 29.08.2019г. –На 32-та седница Советот донесе Одлука за објавување на јавен конкурс за доделување една дозвола за радио емитување на програмски сервис, музичко – говорно радио од општ формат, на македонски и албански јазик, на локално ниво, на подрачјето на општина Дебар, кое ќе се емитува преку радиофреквенција определена од страна на Агенцијата за електронски комуникации на РСМ, и тоа: 104.7 МHz.

Бидејќи не се создава недозволена медиумска концентрација во смисла на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот донесе Одлука со која се дозволува промена во сопственичката структура на Трговското радио-дифузно друштво АЉБАНА ПЛУС ДООЕЛ-Куманово.

Согласно Извештајот од редовен административен надзор, Советот заклучи да му да му изрече мерка јавна опомена на ТРД Вижн БМ-ТВ КАНАЛ ВИЗИЈА ДОО поради прекршување на член 15 став 3 од Законот за медиуми.



Accessibility

Accessibility