Хроника од 32-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 14.09.2016г. – На вчерашната седница, Советот на Агенцијата, ја усвои Информацијата во врска со наодите од „Студијата за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола, од аспект на исполнувањето на целите на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и од аспект на потребите на публиката“ и донесе заклучок: Одлуката за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво да биде донесена по завршувањето на изборниот процес, односно по објавувањето на конечните резултати од одржаните избори и да се направи анализа од којашто ќе може да се утврди за кој програмски формат треба да се објави огласот.

 



Accessibility

Accessibility