Хроника од 33-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 17.11.2021 – На денешната седница Советот на Агенцијата ја прифати Информацијата во врска со  донација за радиодифузерите преку намалување на надоместокот за дозволата за телевизиско или радио емитување за 2022 година и ја констатира потребата од доделување финансиска помош (донација) за радиодифузерите во 2022 година преку намалување во висина од 50% на надоместокот за дозволата за телевизиско или радио емитување за 2022 година.

Советот на Агенцијата донесе Нацрт-годишен план за вршење програмски и Нацрт-план за административен надзор за 2022 година, и Нацрт-програма за работа на Агенцијата за 2022 година (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план за 2022 година). За сите три Предлог-нацрти отворена е јавна расправа во времетраење од 30 дена.

Беше разгледан и усвоен Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање во вториот круг од изборната кампања за Локалните избори 2021, во период од 18 до 29 октомври 2021 година.

Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се одобри ребаланс на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2021-та година и даде одобрување на директорот на Агенцијата за спроведување на постапка за доделување на договор за јавна набавка на ИКТ опрема.

Врз основа на констатации од надзор, Советот на Агенцијата покрена постапки за одземање на дозволата за радио и телевизиско емитување на ТРД ТВ НОВА ДОО Гевгелија и ТРД Радио АКТУЕЛ Битола поради неисполнување на минималните кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.



Accessibility

Accessibility