1

Хроника од 34-та седница

СКОПЈЕ, 04.06.2014 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница ја усвои Информацијата за поведената претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка над Трговско радиодифузно друштво „ТЕЛЕВИЗИЈА НОВА” ДООЕЛ Скопјеи заклучи Агенцијата да продолжи со континуирано следење на споменатата постапка.

Во врска со Дописот од Адвокат Александра Гавриловска, полномошник на Друштвото за филмска продукција, уметност и издаваштво Шорткат ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, Агенцијата заклучи 15.05.2014 година да се прифати како датум од кој започнува да тече рокот од 30 дена за доставување на телевизискиот проект од јавен интерес „Кажи ДА! За животот“.

Агенцијата го усвои Претходниот Извештај за извршена ревизија на канцелариско и архивско работење и заклучи препораките содржани во Извештајот да се спроведат во рок од 90 дена.

Агенцијата ја усвои Информацијата во врска со доставеното известување на ТРД Кабел-Нет ДОО Струмица и заклучи да издаде коригирана Потврда бр.3 за регистрирање на програмски пакет.  

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на операторот на јавна електронска комуникациска мрежа ТРД Оператор на кабелска мрежа ГИВ Иван и др. ДОО Гостивар, Потврда бр.6 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: National Geographic, National Geographic Wild, Fox, Fox Life, Fox Crime, Fox Movies, 24 Kitchen, Viasat Explorer, Viasat History, Viasat Nature, TV 1000, Chasse&Peche, Fashion TV, MTV Adria, BBC World, DW (Deutsche Welle), CNN, Boomerang, Cartoon Network/TCM, Balkanika, Fen TV, Planeta, OBN, Orlando Klinci, Klasik TV, B92 Info, Al Jazeera Balkans, TV 1, DM Sat, Kopernikus, KCN Mjusic, Svet Plus, TRT 1, BN, BN Music, Russia 24, RTR Planeta, Russia Today, Kanal D, Star TV, ATV и STV;

-на операторот на јавна електронска комуникациска мрежа ТРД Оператор на кабелска мрежа ГИВ Иван и др. ДОО Гостивар, Потврда бр.2 со која регистрираниот дигитален програмски пакети, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: National Geographic, National Geographic Wild, Fox, Fox Life, Fox Crime, Fox Movies, 24 Kitchen, Viasat Explorer, Viasat History, Viasat Nature, TV 1000, Chasse&Peche, Fashion TV, MTV Adria, BBC World, DW (Deutsche Welle), CNN, Boomerang, Cartoon Network/TCM, Balkanika, Fen TV, Planeta, OBN, Orlando Klinci, Klasik TV, B92 Info, Al Jazeera Balkans, TV 1, DM Sat, Kopernikus, KCN Mjusic, Svet Plus, TRT 1, BN, BN Music, Russia 24, RTR Planeta, Russia Today, Kanal D, Star TV, ATV и STV;

-на операторот на јавна електронска комуникациска мрежа Друштво за производство, трговија и услуги ИП СИСТЕМС ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, Потврда бр.2 со која регистрираниот дигитален програмски пакети, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Алфа ТВ, Сител 2 (регионална –D2– Страцин), Канал 5, Алсат-М и Балканика;

-на операторот на јавна електронска комуникациска мрежа КДС Кабелнет ДОО Прилеп, Потврда бр.7 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: AXN, FOX Movies, FOX, Jim Jam, FEN TV, Balkanika, Tring Fantasy, Jolly HD, MGM, World Fashion, SK1, SK2, SK3, Golf Klub, Lov I Ribolov, Ultra, Mini Ultra, IQS Life и Cinemania;

-на операторот на јавна електронска комуникациска мрежа КДС Кабелнет ДОО Прилеп, Потврда бр.3со која регистрираниот дигитален програмски пакети, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: AXN, FOX Movies, FOX, Jim Jam, FEN TV, Balkanika, Tring Fantasy, Jolly HD, MGM, World Fashion, SK1, SK2, SK3, Golf Klub, Lov I Ribolov, Ultra, Mini Ultra, IQS Life и Cinemania;

-на операторот на јавна електронска комуникациска мрежа Трговско радиодифузно друштво АСТРА ПЛУС ДОО Кочани, Потврда бр.2 со која регистрираниот дигитален програмски пакети, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Канал 5, Алфа ТВ, Канал 5 Плус, Наша ТВ, ТВ Ирис (регионална –D3-Туртел), ТВ Д1 (регионална –D3- Туртел), Тв Стар (регионална –D3- Туртел), SK1, SK 2, SK 3, Golf Klub, Lov I Ribolov, Ultra, Mini Ultra, IQS Life, Cinemania, HRT 1, HRT 3, HRT 4, SLO1, SLO2, RTS Sat, RTCG, ProSieben, RTL Television, Fen TV, TVE-I, Balkanika;

-на операторот на јавна електронска комуникациска мрежа Трговско радиодифузно друштво АСТРА ПЛУС ДОО Кочани, Потврда бр.3со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Канал 5, Алфа ТВ, Канал 5 Плус, Наша ТВ, ТВ Ирис (регионална –D3- Туртел), ТВ Д1 (регионална –D3- Туртел), Тв Стар (регионална –D3- Туртел), SK1, SK 2, SK 3, Golf Klub, Lov I Ribolov, Ultra, Mini Ultra, IQS Life, Cinemania, HRT 1, HRT 3, HRT 4, SLO1, SLO2, RTS Sat, RTCG, ProSieben, RTL Television, Fen TV, TVE-I, Balkanika;

-на операторот на јавна електронска комуникациска мрежа Трговско радиодифузно друштво Иљо Стојановски ИГМАС-НЕТ ДООЕЛ, Потврда бр.3со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: ТВ Боем (регионална –D5– Пелистер), SK1, SK2, SK3, Golf Klub, Lov I Ribolov, Ultra, Mini Ultra, IQS Life, Cinemania, HRT 1, HRT 3, HRT 4, SLO1, SLO2, RTS Sat, RTCG, ProSieben, RTL Television, Rai Uno, Planeta, AXN и TV Boka.