Хроника од 34-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 16.09.2019г. – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе условена Одлука за поништување на Одлуката за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Телевизија ИРИС ДОО Штип.

Советот го усвои и предлогот за покренување на постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ВИЖН-БМ-ТВ Канал Визија ДОО Скопје, поради констатирано прекршување на член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги односно поради неплаќање на годишниот надомест за дозволата за телевизиско емитување.

Врз основа на доставено Решение, Советот на Агенцијата ја прифати информацијата во врска со Решението на Уставен суд да не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на „Упатството за начинот на мерење на гледаноста и слушаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите во Република Македонија.“

Во врска со известување за промена на сопственичка структура, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се дозволи промена на сопственичката структура на Трговското радио-дифузно друштво ЕКСПРЕС-РАДИО ДООЕЛ Струмица.

Со цел да се започне постапка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2019 година на Агенцијата, Советот даде одобрение директорот на Агенцијата да ја спроведе постапката за јавна набавка – стока: автомобилски гуми за потребите на Агенцијата.



Accessibility

Accessibility