Хроника од 34-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 07.10.2016г– На денешната седница, Советот на Агенцијата донесе Решение за запирање на покренатата постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Телевизија КОБРА ДОО Радовиш, поради извршена уплата на долг за годишен надоместок за дозволата за телевизиско емитување.

Воедно, Советот даде одобрение за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки во 2016 година на Агенцијата, и тоа: горива за потребите на Агенцијата, набавка на Антивирус за потребите на Агенцијата и затворање на отворени делови поради заштита на објект.

Усвоен и одобрен беше и предлогот од директорот на Агенцијата, за обновување на пристапот на електронската база на прописи на „Службен весник на Република Македонија“.  



Accessibility

Accessibility